Home » Обид за убиство: Маж со нож ја бодел партнерката на грбот и вратот

Обид за убиство: Маж со нож ја бодел партнерката на грбот и вратот

by Журнал.мк

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 15 ноември, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот неговата вонбрачна партнерка. По кратка вербална расправија, тој зел нож со кој и се заканил дека ќе ја убие. На тоа, оштетената заедно со детето тргнала да бега кон домот на нејзините родители во близина, но осомничениот ја стигнал пред влезната врата на нивниот дом и и нанел повеќе убоди со ножот во пределот на грбот и вратот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More