Home » Обид за двојно убиство на болнички трем, жртви браќа од селото Гајре, пукачите и тепачите приведени

Обид за двојно убиство на болнички трем, жртви браќа од селото Гајре, пукачите и тепачите приведени

by Журнал

Четири лица од Тетово се лишени од слобода во врска со вооружениот инцидент во тетовската болница, а по уште едно лице се трага. Тие се сомничат дека учествувале во вчерашното пукање со огнено оружје во кое беа ранети две лица.

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ НА СВР ТЕТОВО ВЧЕРАВЕЧЕР (11 ЈАНУАРИ) ВО 23 ЧАСОТ И 10 МИНУТИ ВО ТЕТОВО ГИ ЛИШИЛЕ ОД СЛОБОДА Р.Т.(35) И М.Т.(44) ОД ТЕТОВО, А ПРЕД ТОА И 55-ГОДИШНАТА ТЕТОВКА Ш.Е. И Н.М.(39) ОД ТЕТОВО ПОРАДИ СОМНЕНИЕ ЗА НИВНА ИНВОЛВИРАНОСТ ВО ВЧЕРАШНОТО ПУКАЊЕ СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ПРЕД УРГЕНТЕН ЦЕНТАР НА ТЕТОВСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА, А ВО КОЕ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ (ПРОСТРЕЛНИ РАНИ) СЕ ЗДОБИЛЕ А.М.(41) И З.М.(36) ОД ТЕТОВСКОТО СЕЛО ГАЈРЕ. ЗА УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ СЕ ПРЕЗЕМААТ МЕРКИ ЗА НЕГОВО ПРОНАОЃАЊЕ, СООПШТИЈА ОД СВР ТЕТОВО.

На инцидентот му претходела физичка пресметка помеѓу еден од повредените и еден од напаѓачите, неофицијално пред тетовскиот суд околу 13 часот, по што пукањето се случило пред влезот на Ургентниот центар, околу 18 часот, каде биле двете повредени лица. Двајцата, по укажаната лекарска помош се пренесени на скопските клиники.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од тетовската полиција.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More