Home » Обезбедувачот на Мицкоски заврши во притвор во Шутка

Обезбедувачот на Мицкоски заврши во притвор во Шутка

by Журнал.мк

Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби 30-дневен притвор под сомнение дека сторил кривично део „оддавање службена тајна“, дознава „Скопје1“. Тој е спроведен во затворот во Шутка, каде ќе ја издржува мерката. Сарамаков беше фатен во акција спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и МВР, а беше затекнат во возило „БМВ“ заедно со уште едно лице кое засега не се гони.

Кога бил претресен, кај Сарамаков во автомобилот бил пронајден ранец со службени материјали од МВР, а од двете лица се одземени мобилните телефони и се уапсени.

„Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата. Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од Mинистерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ“, се наведува во соопштението од МВР.

Дел од медиумите објавија дека материјалите требало да завршат во рацете на лица кои се засегнати од постапувањето на МВР, односно нарко-кланови. Ова е непотврдено, а детали не се откриваат бидејќи истрагата е тајна. Од каде се изнесени, за какви материјали станува збор, како и кој требало да ги подигне – засега исто така не се открива.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk