127
Новите пет тома се: „Бадникова вечер” (роман) од Хуан Беиѓиа, „Дрвото сладок портокал” (раскази) од Цао Венсјуан, „Ноќта со змејот” (новели) од Пенг Ји, „Големоглав син и малоглав татко” (раскази) од Џенг Чунхуа и „Развигорот нежно дувка” (басни и бајки) од Сун Ѓианѓианг. Преводот од англиски јазик е на Елена Саздовска, Дијана Крстевска, Славчо Пеев, Бојана Богдановска и Сибел Ајдинова-Бранковиќ.
Тие се избор од прозата на најпознатите современи кинески писатели за деца и млади. Како што соопшти издавачката куќа, изборот е направен од самите автори, а покрај предговорот, книгите содржат и осврт на авторите кои го образложуваат својот избор и се осврнуваат на своето творештво.
Серијата е реализирана во копродукција со издавачот „Делфин букс” од Пекинг.