Home » Објавени податоците за тоа колку луѓе починаа поради горештините во Европа минатата година

Објавени податоците за тоа колку луѓе починаа поради горештините во Европа минатата година

by Журнал.мк

Експертите проценуваат дека повеќе од 47.000 луѓе починале како последица на високите температури во Европа во 2023 (најтоплата година во историјата).

Бројката на починати е наведена во студијата објавена во списанието „Natural Medicine“ во понеделник. Но исто така меѓународната група на истражувачи предводена од Институтот за глобално здравство од Барселона, објави дека европските општества веќе се приспособиле кон високите температури.

Тимот на истражувачи ги користел податоците на „Евростат“ за 96 милијарди смртни случаи, за да процени колку од нив биле поврзани со горештините во 2023 година, во 823 региони во европските земји.

Според процените, мината година 47.690 од смртните случаи во Европа биле поврзани со високи температури. Станува збор за втора највисока стапка на смртност откако почна ваквото мерење во 2015 година, при што највисоката стапка на смртност како последица на високи температури беше забележана во 2022 година.

Истражувачите утврдиле дека земјите на југот од Европа имале највисока стапка на смртност како резултат на горештините. Грција имала 393 смртни случаи на еден милион жители, Бугарија (229), Италија (209) и Шпанија (175) и тие ги заземаат првите четири места на листата на земји со највисока стапка на смртност како последица на горештините. Во речиси сите истражувани земји поголем број жени починале како резултат на горештините за разлика од мажите, а исто така постарите лица биле особено погодени од високите температури.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More