Home » Објавена ранг листата на воените сили во светот: Македонија падна за четири места во споредба со претходно

Објавена ранг листата на воените сили во светот: Македонија падна за четири места во споредба со претходно

by Журнал.мк

Во однос на воената моќ, од поранешна Југославија, Србија е на 63. место, Хрватска на 74, Албанија на 78, Словенија на 96, Македонија на 112., Црна Гора на 127, Босна и Херцеговина на 132 и Косово на 141. Ова го покажуваат податоците на веб-страницата „Global Firepower“, која секоја година објавува годишен извештај и рангирање на 140 национални вооружени сили.

Како што е наведено на веб-страницата „Global Firepower“, повеќе од 60 индивидуални фактори, како што се бројот на воени единици, финансиите, логистичките способности и географијата, се користат за креирање на рангирањето.

Топ пет листата ја предводат САД со индекс од 0,0744, потоа Русија (0,0788), Кина е трета, Индија е четврта по воена сила, а Јужна Кореја е петта.

На последното рангирање Македонија беше на 108-то место од 145 земји на листата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk