Home » Објавена листата на најплатени актери во 2023 година

Објавена листата на најплатени актери во 2023 година

by Журнал.мк

Форбс ја објави листата на најплатени актери во 2023 година. На изненадување на многумина првото место не им припадна на ѕвездите од филмот „Барби“ или „Опенхајмер“, иако тие две остварувања ја одбележаа минатата година.

За најплатен актер во Холивуд во 2023 година е прогласен Адам Сендлер, кој заработил вртоглави 73 милиони долари. Откако актерот потпиша договор за четири филма вредни 250 милиони долари со Нетфликс во 2014 година, тој додаде значителен износ во неговиот буџет.

Минатата година на Нетфликс беше објавен вториот дел од неговиот филм „Murder Mystery“, кој собра повеќе од 173 милиони часови гледаност, а неодамна на оваа платформа беше објавена и научно-фантастичната драма „Spaceman“. Критичарите и публиката не се ентузијасти за филмот, а многумина пишуваат дека славниот актер треба да се држи до комедии.

Маргот Роби е рангирана на второто место на листата како најмлада актерка и само една од двете актерки кои се најдоа на листата. Втората жена на листата е Џенифер Анистон, чија заработка во голема мера се должи на „Пријатели“, иако нивното емитување заврши пред 20 години.

Погледнете ги другите актери кои се најдоа на листата на Форбс за најплатени актери за 2023 година.

Адам Сендлер – 73 милиони долари
Маргот Роби – 59 милиони долари
Том Круз – 45 милиони долари
Рајан Гослинг – 43 милиони долари
Мет Дејмон – 43 милиони долари
Џенифер Анистон – 42 милиони долари
Леонардо ди Каприо – 41 милион долари
Џејсон Статам – 41 милион долари
Бен Афлек – 38 милиони долари
Дензел Вашингтон – 24 милиони долари

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More