Home » Објавен трејлерот за играта Gran Turismo 7: Daytona Speedway

Објавен трејлерот за играта Gran Turismo 7: Daytona Speedway

by Журнал.мк

Една од најголемите игри за автомобилски симулации во светот доаѓа наскоро на пазарот, а PlayStation Studios објави gameplay трејлер што открива што гејмерите можат да очекуваат.

Со нетрпение очекуваната игра „Gran Turismo 7: Daytona International Speedway“ пристигнува на конзолите на Sony PlayStation 4 и PlayStation 5 на 4 март, а сега е објавен gameplay трејлер на официјалниот канал на PlayStation на YouTube кој носи барем малку искуство во играњето на новата игрa.

Познато е дека GT7 го враќа класичниот GT Simulation Mode, кој веројатно ќе ги врзе гејмерите за конзолата, а со тоа и ќе му зададе удар на општествениот живот, но јасно е дека љубителите на популарната франшиза едвај чекаат да поминуваат часови подесувајќи ги своите автомобили за трки.

Дополнително, достапни ќе бидат и режимите Campaign, Arcadе и Driving School, а од Sony велат дека на гејмерите ќе им бидат достапни 420 автомобили.

Временските услови ќе бидат динамични и ќе се вози на повеќе од 90 патеки вклучувајќи ги и класичните патеки од историјата на GT.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More