27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Oштетени штедачи: Не враќале кредити, а не биле ни кредитоспособни да добијат од Еуростандард

Најчитани вести

Увидот во билансите на фирмите должници на ограбената Еуростандард банка е повеќе од поразителен. Не само што не ги враќале кредитите воопшто, туку тие не биле ниту кредитоспособни за да ги добијат истите во стотици илјади или милиони евра. Финансиските биланси покажуваат дека се работи за фирми кои се презадолжени, имаат финансиски загуби во минатите неколку години, обврски кои се десеткратно поголеми од капиталот и резервите на фирмите должници, се вели во денешното соопштение на здружението Оштетени штедачи.

„Кај добар дел од нив нема приходи со години и истите се пред затворање. Некои од фирмите се директно избришани со ненаплатени долгови кон Еуростандард банка, не постојат повеќе. Меѓу нив има и должници со значајни суми од даноци и други давачки кон Управата за јавни приходи, со блокирани сметки. Има и фирми за кои е покренато и стечај, не се солвентни. Фирмите давале и обични меници како единствено обезбедување за кредитите, кои немаат ниту клаузули за правосилност и извршност. Ова е сликата на пустошот што е направен во банката. Секој поединечен ненаплатлив кредит е посебна криминална сторија.

Еуростандард банка пропадна поради толериран континуиран грабеж на депозити. Масовно не се плаќани рати од земените кредити со години. И тие што ги давале ваквите кредити и тие што ги примале истите, биле договорени и добро знаеле дека тие нема да се вратат во банката. Повеќе од јасно е дека изворот на криминалот со делените неповратни кредити е во раководството на ограбената банка предводено од Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски. Нивните потписи и одобренија, поединечно или групно, се наоѓаат на документите за доделените ненаплатливи кредити со кои свесно се организирал и аминувал ваквиот масовен грабеж. Паралелно на ова, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и првиот тим од Народна банка следеле, но молчеле и ја толерирале кражбата на нашите депозити и оставиле да истата се случува. Гледале како масовно се делат необезбедени кредити во милионски суми во евра, игнорирале и дозволиле банката да биде покрадена во целост и со тоа несомнено се дел од овој организиран криминал.

Ова не е обичен секојдневен грабеж. Ова е добро организиран повеќегодишен криминал од високи размери во којшто главните актери се добро познати“, се вели во соопштението на здружението Оштетени штедачи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести