17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Oпозицијата бара итно рушење на дивоградбите во Охрид

Најчитани вести

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ја охрабруваат урбаната мафија во Охрид и покрај сериозната закана градот да ја загуби титулата од УНЕСКО, обвинува ВМРО-ДПМНЕ и додава дека урбаната мафија гради каде ќе стигне, а никој не одговара за тоа.

Опозициската партија вели дека наместо веднаш да бидат срушени последните дивоградби, надлежните повеќе од една недела молчат со што ја потврдуваат предизборната коалиција за која сега само ги плаќаат фактурите.

„Измина и трет месец откако општинскиот инспектор даде рок од 10 дена да се отстрани натстрешницата кај Чинарот, а ние сме сведоци веќе на нова дивоградба бетонска база. Го повикуваме градоначалникот Георгиески доколку работи во интерес на граѓаните и сака навистина да го заштити градот уште веднаш да се срушат сите диви објекти во Охрид. Георгиески како што ја охрабрува урбаната мафија така надлежните институции да се охрабрат и да не подлегнуваат на притисоците од страна на Заев и да не се плашат да го спроведат словото на законот“, изјави Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека УНЕСКО реагира за диворадбите и бара нивно уривање како хотелот во Лагадин, минарето, бетонската база и сите други градби кои имаат прекршувања на Законот за градење.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com