17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Oд понеделник УЈП влегува во фирмите на Боки 13 и во невладината Меѓународен сојуз

Најчитани вести

Претставници на Управата за јавни приходи денеска во затворот во Шутка на Бојан Јовановски му го предале налогот за контрола во невладината организација Меѓународен сојуз. За контрола на другите фирми на Боки 13, 1ТВ и БМЈ медиа груп веќе биле доставени налозите.

Ќе се контролираат сите финансиски приливи и одливи на средства во овие фирми, но и на физичките лица кои примиле пари од таму. УЈП во случајот ги интересира дали фирмите и физичките лица платиле данок на државата.

Физичките лица ќе бидат контролирани по основ на остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок, а останатите даночни обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок.

Финансиската полиција веќе го истражуваат потеклото на парите што се слеале во невладината организација, дали тие се сомнителни и од каде дошле на сметката.

Сопственик на 1 ТВ е фирмата БМЈ медиа груп, а нејзини сопственици се Јасна Мандиќ и таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, кој воедно е и директор на фирмата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com