13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Oд кабинетот на Пендаровски: Претседателот никогаш немал средба со семејствата на обвинетите во „Монструм“

Најчитани вести

Реакција по изјавата на Бедри Ајдари, дадена во емисијата „Клик Плус” на ТВ 21

Претседателот Стево Пендаровски ја разбира болката на семејствата кои ги изгубија своите деца и најблиски во убиството кај Смилковско езеро, како и желбата на семејствата на обвинетите да се открие вистината за целиот тој настан.

Претседателот Пендаровски секогаш се залагал и за овој и за сите други кривично-правни настани вистинските извршители да ја добијат заслужената казна и никој невин да не лежи во затвор, ако за тоа нема докази утврдени во судска постапка.

Меѓутоа, претседателот Пендаровски, во врска со случајот „Монструм”, никогаш немал средба со семејствата на обвинетите, ниту пак има какви било информации и сознанија во врска со убиствата, добиени од домашни институции или од странски извори, ниту во периодот пред да биде избран за претседател ниту потоа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести