3 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Oд денеска до 11 јули „Подиум на млади“ во црквата Света Софија

Најчитани вести

Како предвесник на 59. издание на фестивалот „Охридско лето” од денеска до 11 јули во црквата „Света Софија“ ќе се одржи „Подиум на млади“, чиј идеен творец и организатор е Музичката младина на Македонија.

Свој настап денеска ќе има кларинетистот Рикардо Хуна во пијано придружба на Билјана Петровска и Инес Неделковска.

„Подиумот на млади“ се враќа на фестивалската сцена по 22-годишна пауза, а наредните денови публиката ќе има можност да ги проследи настапите на неколкумина млади домашни музичари. Утре ќе настапат флејтистката Јана Каевска во пијано соработка со Ивана Јанаќиева, како и младиот пијанист Арда Мустафаоглу. Проектот ќе биде заокружен на 11 јули со концерт на виолинистката Наоми Георгиевска, придружувана на пијано од Доминика Робе, како и со настап на сопранистката Мила Јаневска во пијано соработка со Билјана Петровска.

Традиционално фестивалот „Охридско лето“ почнува на 12 јули, а годинeшното издание ќе го отвори британската виолинистка Ванеса Меј.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести