-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Oбјавeн нов повик за реонски попишувачи за пописот

Најчитани вести

Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021. Повикот се однесува само за реоните каде недостасуваат попишувачи, а со цел да се запази принципот дека секое населено место ќе има локален попишувач кој го познава местото и населението што живее таму, како и да има доволно попишувачи кои можат процесот да го спроведат на јазиците кои се загарантирани со Уставот.

Огласот трае до 20 март 2021 година.

Владата се приклучува на повикот на ДЗС, сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите да се пријават на конкурсот достапен на следниов линк: https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/DopolnitelenKonkursZaPopisuvaci_3_mk.pdf

На повикот имаат право да се пријават и кандидатите кои се пријавија на претходниот повик за попишувачи, но не беа во можност да присуствуваат на тестирањето.

Приоритет во спроведување на сите фази од пописот е здравјето на попишувачите. Со таа цел, усвоен е Протокол за превентивни мерки при спроведување на Пописот, а со доследно почитување на истиот, попишувачите но и сите граѓани можат да бидат сигурни дека попишувањето ќе биде спроведено безбедно.

За ангажманот лицата ќе добијат соодветен надоместок, кој се пресметува врз основа на веќе воспоставена методологија од страна на ДЗС.

Успешно спроведен попис е врвен приоритет на Владата. После 20 години, наша обврска и одговорност е да обезбедиме релевантни податоци за населението, домаќинствата и становите, податоци кои се основа за креирање на политики кои одговараат на потребата на сите наши граѓани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com