24.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Oбвинет повраќа во судницата, судијата не го прекинува рочиштето

Најчитани вести

Уште едно нечовечно судење во Кривичниот суд. На денешното рочиште за случајот „Насилство во општина Центар“ на обвинетиот Даниел Трипуновски, кој има дијагноза со висок притисок, шеќер во крвта, проблем со бубрезите и прима терапија за анкциозност и уште на почетокот на судењето му се слоши, се препоти и почна да повраќа при што беше повикана екипа на Брза помош.
Иако лекарите констатираа дека Даниел Трипуновски е видно вознемирен и доби инјекција за смирување, тие оставија судот да оцени дали ќе продолжи со судењето.

Судечкиот судија Душан Јосифовски не го прекина рочиштето и тоа веќе еден час е во тек.

Во предметот на СЈО „Насислтво во Центар“ обвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниел Рангелова и уште 11 други лица. Застапници на обвинението се обвинителите на СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com