Home » Nvidia се враќа на победничкиот пат

Nvidia се враќа на победничкиот пат

by Lina Muslija

Технолошките акции беа главните добитници минатата недела.

Цената на акцијата на Nvidia, по прилично значајната корекција (цената на акцијата падна за повеќе од 20 отсто по објавувањето на кварталните деловни резултати на 28 август), повторно лета нагоре (+16% минатата недела, 119,1 долари).

Се повеќе се чини дека големите очекувања имаат здрава основа, барем според зборовите на првиот човек на Nvidia Џенсен Хуанг, кој на конференција во Сан Франциско истакна дека побарувачката за нивните чипови е ненормално висока и дека сите партнерите, меѓу нив и технолошките гиганти како Google и Meta, се надеваат дека Nvidia нема да ги изневери со своите незаменливи чипови за услуги за вештачка интелигенција (особено новиот Blackwell чип е исклучително моќен).

Барем уште неколку квартали, производствените капацитети на TSMC, која ги произведува чиповите на Nvidia, очигледно ќе бидат целосно окупирани. Хуанг се пофали со оваа тајванска компанија, нарекувајќи ја убедливо најдобрата во светот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk