-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Нуредини верува дека следната година ќе реализираат се што имаат предвидено

Најчитани вести

Министерот посочи дека до 2020 година опасните отровни хемикалии од индустриските капацитети од нашата држава ќе бидат извезени во Швајцарија.

На денешната средба со новинарите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, потенцираше дека во владина процедура се предлог – измените на законите за квалитет на амбиенталниот воздух и за животна средина, како и дека експертска работна група подготвува нацрт-закон за индустриски емисии, со што се врши примена на обласната директива на ЕУ за индустриски емисии.

Министерот на средбата ги престави преземените и планираните активности во овој ресор за годината што изминува, но исто така и за бројните кои ќе бидат превземени во наредната.

– Со предлог – измените на Законот за животна средина се однесуваат на воведување на статусот на контаминирани подрачја, односно методологијата за нивно прогласување и обврската за изготвување на План за животната средина. Покрај тоа, се врши и реуредување во делот на надоместоците за животна средина, како за увоз на употребувани добра, така и за моторни возила, а со цел стимулацијата на употребата на поеколошки средства за транспорт, информира денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на предновогодишната средба со новинарите.

Со предлог-измените на Законот за квалитет на амбиенталниот воздух се воведуваат краткорочни и среденорочни мерки кои градоначалниците, односно Владата, можат да ги преземат заради спроведување на плановите за квалитет на воздух на ниво на зона/агломерација, со цел справување со високите концентрации на ПМ10 честичките. Се пропишуваат и дополнителни надлежности за надзор на органи на државната управа со цел подобра контрола над спроведувањето на предметните планови и мерки.

Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на своите надлежности реализираше повеќе активности, меѓу кои мапирање на сите капацитети кои се наоѓаат во близина на мерните станици од Државниот мониторинг систем, замена на неисправните мерни станици во пет нови. Исто така, започнати се и активности за акредитација на лабораторијата на МЖСПП и се очекува процесот да заврши во првата половина на наредната година.

Министерот Нуредини посочи дека до 2020 година опасните отровни хемикалии од индустриските капацитети од нашата држава ќе бидат извезени во Швајцарија. Тој додаде дека за опасните материи кои се наоѓаат во кругот на фабриката „Охис“ е распишан меѓународен тендер на кој досега се пријавени 5 меѓународни компани, но не сакаше да ги сподели имињата на истите, поради тоа што истиот се уште е во тек. Нуредини рече дека очекува веќе некаде следната пролет ќе биде отстранет линданот кој се наоѓа во малиот базен.

Нуредини истакна дека мобилизирани се ресорните министерства и инспекциските служби за брза заедничка акција против загадувањето и најави засилени инспекциски контроли на можни извори на загадување.

Во врска со прашањето со аерозагадувањето, Нуредини информира дека се инсталирани мерни инструменти за мерење на ПМ10 честичките за квалитет на амбиенталниот воздух во Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци.

Покрај активностите за тековната 2019 година, од МЖСПП во секторот на водите најавија проекти во вредност од над 10 милиони евра, кои освен во главниот град Скопје ќе се реализираат и во другите градови на територијата на државата.

– Во тек е подобрувањето на инфраструктурата за собирање на отпадни води во Градот Скопје и за надзорни активности. На почетокот на 2020 година ќе почне рехабилитацијата на каналициската мрежа во Општина Кичево и активности за супервизија. Во втората половина на 2020 година ќе почне изградбата на пречистителна станица во Општина Тетово и проширување на канализиционата мрежа во оваа општина и активности за надзор, информираат од МЖСПП.

Во третиот квартал од наредната година ќе биде воспоставен интегриран и самоодржлив регионален систем за управување со отпад во источниот и североисточниот регион и активности за супервизија, поддржани од неколку други проекти за двата региони за затворање за некомпатибилни депонии и снабдување со возила и контејнери за двата региони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com