Home » Нуланд: Блинкен и Лавров најверојатно ќе разговараат следната недела

Нуланд: Блинкен и Лавров најверојатно ќе разговараат следната недела

by Журнал.мк

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најверојатно ќе разговараат следната недела, изјави заменичката-државен секретар на САД Викторија Нуланд.

о интервју за Си-Би-Ес, таа рече дека Вашингтон гледа сигнали оти Москва е заинтересирана да зборува за американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции.

Во предлогот Русија, меѓу другото, побара од САД и НАТО да не ја прошируваат Алијансата на исток, вклучително и Украина, како и да не распоредуваат тешко вооружување, вклучително и нуклеарно оружје.

– Сакаме да ги решиме овие прашања преку дипломатија и контрола на оружјето, рече таа.

На прашањето дали има знаци на деескалација на ситуацијата од страна на Русија, Нуланд рече „напротив” и тврди дека рускиот претседател Владимир Путин распоредил уште повеќе сили во близина на украинската граница откако САД повикаа на деескалација.

Блинкен пред неколку дена изјави дека очекува да разговара со Лавров веднаш откако Москва ќе го анализира одговорот на Вашингтон на предлогот за безбедносни гаранции.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk