Home » НСДП: ВМРО-ДПМНЕ преку министрите го воскресна „МВРО“

НСДП: ВМРО-ДПМНЕ преку министрите го воскресна „МВРО“

by Журнал

„Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираше со трите „П“: пендрек, пари и пропаганда. Не поминаа повеќе од дваесеттина дена откако ВМРО-ДПМНЕ партиципира во преодната Влада и веднаш го земаа првото П – ПЕНДРЕКОТ“ пишуваат на социјалните мрежи од владејачката НСДП.

Оттаму порачуваат дека „Мицкоски преку личниот адвокат, а сега министер за внатрешни работи го воскреснува МВРО. Матрицата на делување на МВРО-ВМРО останува иста, не им беа доволни седум години за да се реформираат“.

„Со вчерашниот настан личното обезбедувањето на Мицкоски демонстрираше насилие и надмоќ врз службено лице вработено во МВР. Седум години со широк општествен и институционален консензус и со поддршка од меѓународните партнери се направија голем број на реформи за професионализација на безбедносните служби, а само преку еден настан МВРО покажаа како се рушат стандардите и системот“ велат од НСДП.

Од партијата го осудија „ваквото непрофесионално однесување на блиските луѓе околу Мицкоски“ и очекуваат да поднесат одговорност.

„Граѓаните ќе ценат каква иднина сакаат, дали сакаат професионални институции или враќање на МВРО-ВМРО“ е партискиот став.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More