Home » НСДП: Мицкоски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП: Мицкоски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

by Журнал.мк

Мандатарот Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски, во најголем дел тоа се луѓе кои во минатото служеа на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и ги пратат многу скандали се вели во соопштението од НСДП.

Граѓаните за брзо ќе ги видат на дело кадрите на „рециклираниот режим” и „заробената држава” која ја инсталираа во десетгодишното претходно владеење.

Кадри кои служеле на режимот на Груевски, почнувајќи од Мицковски, не може да донесат и спроведат реформи, матрицата од претходното нивно владеење останува иста.

Во град Скопје и во општините три години го гледаме нивниот начин на спроведување на „реформи” и нови проекти, хаос, безредие, прсти во медот, блокирани и нефункционални локални институции, партиски вработувања и скандали.

Првите потези и чекори го најавуваат моделот на владеење, особено ако ги гледаме потезите на претседателката на државата која уште во првите недели од мандатот го крши Уставот, ги влошува односите со соседите и на нeдостоинствен начин ја претставува државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме да ретерира и отстапува од изборните ветувања со кои ги изманипулираа гласачите, тоа се гледа и по првите потези на нивното делување: не го намалија бројот на министерствата, го прифатија Преспанскиот договор наместо да го ревидираат како што веруваа во предизоборната кампања и нема да го вратат претходното уставно име, не предлагаат ревидирање на Охридскиот договор и договорот со Бугарија, вонинституционално договараат задолжување од една милијарда евра, ги влошуваат односите со соседите.

НСДП нема да даде поддршка за ваков состав и програма на Влада.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More