Home » Новото истражување покажа: Дури и една непроспиена ноќ може да го ослаби имунитетот

Новото истражување покажа: Дури и една непроспиена ноќ може да го ослаби имунитетот

by Журнал.мк

Недостигот на сон е долгорочно поврзан со зголемен ризик од дебелина, срцеви болести и дијабетес тип 2.

Меѓутоа, новите истражувања на научниците од Кувајт покажаа дека дури и една ноќ со лош сон, односно непроспиена може да предизвика воспаление во телото, намалувајќи ја природната отпорност на организмот на инфекции и повреди.

Како недостигот на сон влијае на имунитетот?
За време на нормалниот сон, крвниот притисок опаѓа и крвните садови се опуштаат. Но, со анализа на моноцитите – клетки кои се клучни за одбрана на телото од вируси и бактерии – научниците открија дека недостатокот на сон го нарушува овој физиолошки процес и го ослабува имунолошкиот систем, пишува „Дејли мејл“.

Главните последици од лошиот сон вклучуваат:
– зголемено воспаление во телото – што може да доведе до хронични заболувања.

– поголема подложност на инфекции – поради ослабен имунолошки одговор.

– зголемен ризик од дебелина – луѓето со лош квалитет на сон имаат поголема веројатност да имаат повисоки нивоа на воспалителни маркери во нивната крв.

Резултати од истражувањето
Студијата е спроведена на пет здрави учесници со нормален индекс на телесна маса (БМИ), кои поминале 24 часа без сон.

Анализата на крвта пред и по експериментот покажа дека дури и една непроспиена ноќ го зголемува бројот на воспалителни моноцити, кои можат да ги оштетат здравите ткива на долг рок.

Во вториот дел од студијата учествувале 237 луѓе со различна тежина, кои носеа акцелерометар една недела за да ја следат активноста и спиењето.

Резултатите покажале дека гојазните учесници имале послаб квалитет на сон и повисоки нивоа на воспаление во телото.

Како да се подобри сонот
Експертите советуваат дека проблемите со спиењето не треба да се игнорираат бидејќи можат да имаат сериозни здравствени последици.

Основните упатства за подобар сон вклучуваат:
– одржување на редовен распоред за спиење

– намалување на изложеноста на екрани пред спиење

– одржување физичка активност во текот на денот

– создавање мирна и удобна средина за спиење

Научниците истакнуваат дека квалитетниот сон е клучно за долгорочното здравје и дека неговото подобрување може да го намали ризикот од хронични болести како што се дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Колку сон ни треба?
Според „Фондацијата за спиење“ (Sleep Foundation), препорачаната количина на сон зависи од возраста и е:

– деца (3-5 години): 10-13 часа

– ученици (6-13 години): 9-11 часа

– тинејџери (14-17 години): 8-10 часа

– млади луѓе (18-25 години): 7-9 часа

– возрасни (26-64 години): 7-9 часа

– постари од 65 години: 7-8 часа

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk