Home » Новоизбраните пратеници седнуваат во пратеничките фотелји – конститутивната седница во Собранието, еве кој ќе ја води!

Новоизбраните пратеници седнуваат во пратеничките фотелји – конститутивната седница во Собранието, еве кој ќе ја води!

by Журнал.мк

Од денеска новоизбраните пратеници и официјално седнуваат во пратеничките фотелји откако на последните парламентарни избори, добија мандат од граѓаните.

Седницата е закажана за 11 часот и има четири точки.

Најпрво се бира верификационата комисија која има обврска да ги верификува мандатите на пратениците, потоа ќе следи и изборот на Комисијата за избори и именувања. Според новиот Деловник конститутивната седница најмногу може да трае три дена, а завршува откако ќе биде избран новиот претседател на законодавниот дом кој најверојатно ќе биде првиот човек на Алтернатива Африм Гаши.

Откако претходно претседателот на Собранието Јован Митрески ја закажа, денеска седницата ќе ја води највозрасниот пратеник односно Мерита Колчи Коџаџику од Демократското движење на Изет Меџити.

Со конституирањето на новиот собраниски состав ќе се исцрта и новото мнозинство кое го има коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на што, по преговорите што се водат деновиве, треба да и се приклучат и коалицијата ВРЕДИ и пратениците од ЗНАМ.

Со ова идното парламентарно мнозинство се доближува до бројката од две третини.

Инаку пратенички мандат за прв пат освои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ќе биде и идниот мандатар за состав на новата Влада.

Некои од пратениците на новото владејачко мнозинство ќе бидат во пратеничките клупи само кратко време, бидејќи голем дел од нив ќе заминат и во новиот владин кабинет.

Слична ќе биде состојбата и со пратениците од ВРЕДИ чии лидери на партии се избрани за пратеници, но се очекува дел од нив да заминат во извршната власт.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More