Home » Ново поскапување на горивата

Ново поскапување на горивата

by Журнал

Според одлуката на РКЕ, цените на бензините и дизелот од ноќеска се зголемуваат за еден и пол денар за литар. Од ноќеска на полноќ цените на горивата се зголемуваат за еден и пол денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката, новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе изнесува 78 денари за литар, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава за 80 денари, а цената на дизелот ќе изнесува 75 денари за литар.

За еден денар од ноќеска на полноќ се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава за 74,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот, пак, ќе изнесува 41,732 денари за килограм.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More