Home » Ново поскапување и на сметководствените услуги?!

Ново поскапување и на сметководствените услуги?!

by Журнал.мк

Сметководителите да ги покачат услугите и да ги зголемат платите на вработените согласно растот на инфлацијата и просечната плата на државно ниво, препорача денеска Институтот на сметководители и овластени сметководители. Од таму велат дека по барање на сметководителите донел одлука да препорача друштвата и самостојните сметководители да ги усогласат цените на услугите што ги даваат кон правните лица, како и платите на своите вработени со растот на индексот на трошоци на живот (инфлацијата) и со растот на минималната и просечната плата во земјата.

ИСОС исто така соопшти дека од средината на март ќе спроведе сеопфатна анкета меѓу професионалните сметководители во земјава за да добие податоци кои ќе ги искористи за детална анализа на состојбата со цените на сметководствените услуги на пазарот и на платите во овој сектор.

Оваа анализа ќе биде добра основа за креирање на најсоодветни одржливи решенија и механизми за утврдување на препорачани цени на секоја посебна сметководствена услуга, водејќи сметка за нивото на нивна сложеност. Следниот чекор ќе биде да се пронајде најсоодветниот начин и форма за имплементација на ваквото решение, водејќи сметка за законските надлежности што ги има Институтот – вели претседателката на ИСОС Весна Прентоска.

Прентоска најави и ефикасна борба против дивите сметководители. Годишната инфлација за 2023 година изнесува 9,4 отсто, а просечната плата порасна на 40.000 денари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More