Home » Новиот в.д директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска ја презема функцијата

Новиот в.д директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска ја презема функцијата

by Журнал.мк

Новоназначениот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз, официјално ја презема функцијата од досегашниот директор Абдусамед Шабани.

Енуз и Шабани разговараа за активностите поврзани со собирањето и транспортот на комуналниот отпад и предизвиците при раководењето со едно од најголемите јавни претпријатија коешто е од витално значење за функционирањето на градот Скопје.

Зухди Енуз е дипломиран правник, а досега бил активен во приватниот деловен сектор како менаџер на повеќе компании.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More