Home » Новиот топловод под мостот Беласица целосно е ставен во функција

Новиот топловод под мостот Беласица целосно е ставен во функција

by Журнал.мк

Новиот топловод под мостот Беласица целосно е ставен во функција, обезбедувајќи стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија. Поставувањето на новите топловодни цевки беше завршено во рекордно краток период од помалку од два месеци, благодарение на високата ефикасност и посветеноста на тимовите на АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина.

Иако првично беше предвидено привремено прилагодување на квалитетот на испораката за мал дел од корисниците за време на финалните активности, ефикасната координација и професионалноста на екипите овозможија поврзувањето на новиот топловод со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија да помине без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката. Задоволен сум што со тимска работа и вложување на натчовечки напори успеавме да го завршиме зафатот за 40 дена и овој капацитет веднаш да го ставиме во целосна функција.

Оваа успешно завршена активност уште еднаш ја потврдува стратешката посветеност на АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина кон модернизација на енергетската инфраструктура и обезбедување квалитетна услуга за потрошувачите.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1349015073133409&set=a.719662846068638

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk