Home » Новиот сириски лидер: Можеби ќе имаме избори за четири години

Новиот сириски лидер: Можеби ќе имаме избори за четири години

by Журнал.мк

Изборите во Сирија би можеле да се одржат за четири години, рече новиот сириски лидер Ахмед ал Шара, што е првпат да ја претстави временската рамка за политичкиот процес откако Башар ал Асад беше соборен овој месец.

Подготвувањето на новиот устав може да потрае до три години, рече Шара во интервју за саудиската државна радио и телевизија. Тој исто така рече дека на Сиријците ќе им треба околу една година да видат драстични промени.

Шара ја предводи групата Хајат Тахрир ал-Шам која го собори Асад на 8 декември, ставајќи крај на децениското владеење на неговото семејство и 13-годишната граѓанска војна. Тој рече дека ХТС ќе биде распуштен на Конференцијата за национален дијалог.

Што се однесува до надворешните односи, Шара рече дека Сирија дели стратешки интереси со Русија. Русија има воени бази во Сирија, беше близок сојузник на Асад за време на долгата граѓанска војна и му даде азил на Асад.

Шара претходно овој месец рече дека односите на Сирија со Русија треба да служат на заеднички интереси.

Тој додаде дека се надева оти администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ги укине санкциите воведени за Сирија.

Високи американски дипломати кои го посетија Дамаск овој месец рекоа дека Шара постапил прагматично и дека Вашингтон одлучил да ја отстрани наградата од 10 милиони долари за главата на водачот на ХТС.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk