-6 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Новиот Peugeot 308 достапен и како хибрид

Најчитани вести

Актуелната генерација на Peugeot 308, во 2014 година ја понесе титулата Автомобил на годината и тоа набргу по стартот на нејзиното сериско производство , по некоја паралела, наследникот мора да биде многу добар за да продолжи по стапките на својот претходник.

Со оглед на тоа дека на пазарот се пласирани новите генерации на главните ривали Volkswagen Golf, Renault Megane и Ford Focus, конкуренцијата е посилна од кога и да е.

Со самото тоа и притисокот врз производителот од Франција со стилизиран лав во логото е голем, но судејќи по се, во Peugeot се подготвени на големи промени, пишуваат специјализираните портали.

Најнапред, воедно и најважно, новиот Peugeot 308 ќе биде достапен во неколку plug-in хибридни опции.

Тоа е потврдено и од страна на Жан Филип Импарато, извршниот директор на Peugeot.

Тој покрај тоа ги потврдил и шпекулациите дека се разгледува и целосно електричната варијанта, што, ако и добие „зелено светло“ ќе стаса малку подоцна.

„ Да, новиот Peugeot 308 ќе се базира врз EMP2 платформа“, рекол Импарато.“ Првин ќе биде достапни plug-in хибридните варијанти, a малку потоа можна е целосно електричната верзија.

Нашите компактни модели и моделите со средни димензии ќе има plug-in хибридни погонски системи.

Причина е тоа што сметаме дека на возачите ќе им биде полесна транзицијата од возила со погонски системи на внатрешно согорување на хибриди, отколку директната транзиција кон потполно електрични возила“, коментирал тој во својата изјава.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести