16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Новинари си заминале бидејќи Пленковиќ доцнел

Најчитани вести

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како што беше претходно најавено, денес требало да им се обрати на медиумите, но бидејќи доцнел еден час новинарите заминале.

Обраќањето на Пленковиќ било најавено за 13:30 часот.

Откако не се појавил ни по еден час, новинарите кои ја следат работата на владата си заминале, бидејќи за време на тој час никој не им дал информација зошто премиерот доцни, пренесува хрватски Индекс.

Од владата се правдаат дека не знаат да проценат колку кој состанок може да трае, но Индекс пишува дека ова не е првпат премиерот многу да задоцни на закажана конференција за медиумите.

Премиерот требало да се огласи по состанокот на владејачката коалиција.

На вчерашната конференција за новинарите Пленковиќ ги критикуваше медиумите дека не пишуваат за фактите, туку за впечатоците што и колку е направено на подрачјето погодено од земјотресот во централна Хрватска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести