Home » Новина во триото „Фанк Шуи“: Доаѓа женска енергија!

Новина во триото „Фанк Шуи“: Доаѓа женска енергија!

by Журнал.мк

Еден од најпрогресивните македонски бендови „Фанк Шуи“ на својот официјален инстаграм-профил со своите бројни обожаватели споделија еден новитет.

„Среќна нова година. 2021 година беше година на саморефлексија за сите нас. По многу долги разговори, сфативме дека нашите соништа за иднината не се исти како кога почнавме.

За жал, мораме да објавиме дека минатиот октомври концеротот беше последното шоу со Давид како член. Ова не е лесно за никој од нас. Поминавме 11 години заедно свирејќи, смеејќи се, патувајќи, борејќи се, плачејќи, споделувајќи добро и лошо… Го сакаме и му посакуваме се најдобро во неговите идни планови.

Во исто време, возбудени сме за свежата енергија што ја носи Мартина и за стекнување нов пријател за живот. Со нетрпение го очекуваме ова ново поглавје заедно. Затоа, добредојде Мартина и бескрајна благодарност до тебе“, стои во објавата на „Фанк шуи“.

https://www.instagram.com/p/CY1602sLLEF/?utm_source=ig_embed&ig_rid=a3d9296d-9354-4e35-a4d1-5c1c7ec796c2

Бендот до неодамна го сочинуваа Михаил Намичев, Лука Ѓоргиевски и Давид Николовски кои де факто создадоа уникатен музички израз низ годините.  Нивната приказна започна со деби албумот „Aether“ во 2012 година. За сопствената музика велеа дека не може жанровски да се одреди и дека повеќе е како чувство и причина.

За новите измени во бендот се огласи и Давид Николовски кој ја сподели својата страна од приказната.

„Дечки фала на сите што пишаа. Сакам да соопштам дека поради презаситеност од енергијата во „Фанк Шуи“ и сопствените иди и проекти на кои моментално работам, одлучив пред неколку месеци да го отстапам своето место во бендот со цел заеднички прогрес на умот и душата. Благодарен сум за прекрасната енергија која ја имаме споделено заедно низ годините. Посакувам најдобро на сите мои луѓе од Шуи. Се гледаме во наредната авантура“, порача Давид.

Објавата на Давид на неговиот инстаграм-профил / Фото: Инстаграм

Сигурни сме дека модерниот звук, свежината, жарот што бендот го поседуваше ќе продолжи во нагорна линија. И додека навистина ни е жал што ова звучно трио се разделува, сепак, со голема радост очекуваме да го слушнеме звукот на талентираната Мартина Баракоска на тапанти!

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More