Home » Нови средства за зелени проекти – Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Нови средства за зелени проекти – Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

by Журнал.мк

Стратегијата 2025–2030 предвидува нови средства и подршка за зелени проекти – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја зајакнува соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), информираат од Министерството за енергетика и рударство.

Министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа продуктивна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и поддршката во насока на зелената транзиција и одржливиот развој на Македонија.

Една од главните теми на состанокот беше новата Стратегија за Северна Македонија за периодот 2025–2030 година, која е во фаза на изработка. Оваа стратегија има за цел да ги адресира предизвиците со кои се соочува земјата и да го зајакне одржливиот развој. Нејзината финализација се очекува во првата половина на 2025 година, а ќе биде насочена кон поддршка на зелена економија, одржлива инфраструктура и регионална интеграција.

ЕБРД, како главен институционален инвеститор во земјата, ја реафирмираше својата посветеност за поддршка на реформите во инфраструктурата и енергетиката. Особен фокус беше ставен на можностите за зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на енергетската мрежа и унапредување на прекуграничната поврзаност.

Претставниците на Министерството и ЕБРД истакнаа дека досегашната соработка донесе значајни резултати, вклучително и финансиската поддршка за изградба на првите соларни фото-волтаични капацитети во сопственост на ЕСМ, како и проектите за проширување на капацитетите во Осломеј и термоелектраната Битола.

ЕБРД досега има инвестирано над 2,9 милијарди евра во 196 проекти во Македонија, со акцент на енергетската транзиција, инфраструктурата и зголемување на ликвидноста на енергетскиот пазар.

Министерството за енергетика и рударство и ЕБРД остануваат посветени на редовни средби и партнерство со цел остварување на заедничката визија за економски напредок и зелена иднина, стои во соопштението на ресорното министерство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk