Home » Нови летови за Барселона и Лион од Скопскиот аеродром

Нови летови за Барселона и Лион од Скопскиот аеродром

by Журнал.мк

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечерва започнаа нови директни летови кон Барселона и Лион, оперирани од нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Првиот лет до Барселона полета со 161 патник, а кон Лион заминаа 180 патници, информираа од ТАВ Македонија.

Линијата до Барселона ќе се одвива двапати неделно – секој вторник и сабота, додека кон Лион ќе се лета трипати неделно, во вторник, четврток и сабота. Станува збор за две нови дестинации од скопскиот аеродром, една од кои — Барселона — веќе претходно беше достапна, но подолго време недостапна за директни летови.

Од ТАВ информираат дека воспоставувањето на овие линии доаѓа по зголемен интерес и барања од патниците. Лион, кој се вбројува меѓу најголемите гастрономски центри во Европа, досега немал директна поврзаност со македонскиот главен град.

Во рамките на промотивните активности, на првиот лет до Барселона патуваше и добитничка на два бесплатни билета, доделени по случаен избор преку повик објавен на социјалните мрежи на Меѓународниот аеродром Скопје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk