Home » Нови 511 заболени од грип, намалување од 39,1 отсто споредено со претходната недела

Нови 511 заболени од грип, намалување од 39,1 отсто споредено со претходната недела

by Журнал.мк

Во текот на 13. недела од 2025 година – од 24 до 30 март, во државава се пријавени 511 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 39,1 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 13. недела од минатата сезона е зголемен за 3,1 пати, а во споредба со бројот за 13. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 53,6 проценти, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје.

Новозаболените се пријавени од 20 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 198, Тетово – 67, Гостивар – 51, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на педесет.

Во текот на оваа недела, во девет извештајни единици се регистрира многу ниска, во 10 – сезонска, а во Македонски Брод – средна активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 25.011, покажуваат податоците на Институтот.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 72,6 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 22,7 проценти. Кумулативно, заболените се пријавени од дваесет и девет ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица се регистрира на територијата на Скопје, додека највисока кумулативна инциденца е регистрирана на територијата на Дебар.

Заклучно со 13. недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk