Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се продолжува притворот за 16 осомничени за пожарот во дискотеката Пулс и им изрече мерка краткотраен притвор во траење од уште 48 часа.
Од јавното обвинителство претходно информира дека Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.
На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.
Во пожарот во дискотеката Пулс во неделата рано наутро загинаа 59 лица, додека околу 200 се повредени.