13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Нови 100, оздравени 551, од Ковид 19 починаа 11 лица

Најчитани вести

Во последните 24 часа регистрирани се нови 100 случаи на Ковид-19 од направени 764 тестирања. Починати се 11 лица од кои најмладиот на 41 година. И

нститутот за јавно здравје регистрира 551 оздравен пациент.Од новозаболените, 47 се од Скопје, 12 се од Дебар, 10 во Тетово, а во останатите градови регистриран е едноцифрен број на новозаболени.

Од починатите, тројца се од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г).

Само еден пациент е починат вон, а останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 85.594, бројката на оздравени пациенти е 66.760, на починати е 2.592. Бројот на активни случаи изнесува 16.242. Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести