19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Новата мутација стигна во Грција: Позитивни четворица коишто за Божиќ допатувале од Велика Британија

Најчитани вести

Во Грција се откриени првите случаи од новата мутација на корона вирусот. Новиот, мутиран вид на вирусот е потврден кај четири од шест позитивни случаи кај луѓе коишто во Грција дошле на посета од Велика Британија.

Спореди објавените информации од грчките медиуми, станува збор за патници кои за време на Божиќните празници дошле во Грција, а телевизијата „Скај“ објави дека позитивните лица се сместени во хотел карантин во Атина.

Според грчката телевизија „Антена“, откривањето на новиот вид на корона вирусот во Грција, кој се шири многу побрзо од досегашниот, било една од причините за новите рестрикции што ги воведе грчката Влада.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести