Само по два дена од објавувањето, новата серија на Нетфликс, Само по два дена од објавувањето, новата серија на Нетфликс, „Nobody Wants This“ ги воодушеви гледачите, но и критичарите.
Според оценките на критичарите на платформата „Rotten Tomatoes“, серијата моментално има оценка од 93‘, додека гледачите ја оценија со 89%, а на „IMDb“ има оценка од 8.1/10.
Станува збор за хумористична серија, чијашто прва сезона има 10 епизоди. Секоја епизода трае 30 минути, а главните улоги ги толкуваат Кристен Бел и актерот Адам Броди. Останатата актерската екипа ја сочинуваат Џустин Луп, Тимоти Сајмонс, Џеки Таун, Шери Кола и други.
Серијата го следи односот помеѓу водителката на поткастот Џоан (Кристен Бел) и рабинот Ноа (Адам Броди). Џоан е гласна феминистка којашто го води поткастот во врска со љубовни врски и секс, додкка Ноа е млад рабин. Тоа би било сосем во ред доколку тие двајца не се допаѓаат еден на друг, па поради тоа нивниот однос станува особено предизвикувачки.
Авторката на серијата, Ерин Фостер, порано објасни дека серијата е инспирирана од нејзиниот живот бидејќи нејзиниот сопруг е со различна верска припадност. На почетокот имала план да сними документарец, но на крајот сепак се решила да направи хумористична серија. Главниот лик е инспириран од нејзиниот сопруг, а самиот процес на потрага по идеален актер бил особено исцрпувачки.
„Ликот е инспириран од мојот сопруг, а мојот сопруг е некој кој не може да те принуди да се чувствуваш лошо“, вели Фостер.
Интересно е тоа што самиот „trailer“ на серијата веќе го имаше привлечено вниманието на светската публика, а во еден ден тој имаше повеќе од два милиони прегледи, така што веќе се очекуваше серијата да доживее голем успех.