23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Новата година се слави масовно на улиците во Вухан додека светот е во карантин

Најчитани вести

Граѓаните на Вухан, град во Кина кој важи за некогашно жариште на коронавирусот во светот, излегоа на улиците во голем број вечерва, додека добар дел од остатокот од светот остана во своите домови за пречек на Новата година.

Фотографиите и видеата од Вухан го обиколија светот бидејќи жителите ги преплавија улиците за да ја пречекаат 2021 година, а повеќето, сепак, носеа маски како мерка на претпазливост иако во градот не е забележан пренос на Ковид-19 со месеци.

Постариот дел од населението беше на улица, а младите се одлучија за ноќните клубови.

Некои луѓе, кои беа излезени на улиците, изјавија дека внимаваат, но дека не се плашат.

Освен Кина, уште неколку азиски земји влегоа во 2021 година во 17 часот по средноевропско време, а меѓу нив се Филипините, Хонг Конг, Сингапур.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести