Home » Новак слуша и се смее за она што го кажува Надал

Новак слуша и се смее за она што го кажува Надал

by Lina Muslija

Шпанецот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер приредија спектакуларно финале на Ролан Гарос и се чини дека многумина се надеваат на „повторување“ на Вимблдон. Двајцата моментално најдобри играчи во светот, барем според АТП-листата, ќе бидат на спротивните страни од костурот, со голема шанса повторно да се сретнат во финалето, но секогаш се можни изненадувањата на трева.

Сепак, се чини дека Новак Ѓоковиќ засега не е споменат од никого. Тој падна во втор план и многумина се сомневаат дека може да игра подобро на трева од Синер и од Алкараз, па дури ни Тони Надал не го вклучи на листата со фаворити пред годинашниот Вимблдон.

Во интервју за „Газета дело спорт“, Тони Надал рече дека се можни изненадувања на Вимблдон, но наместо Ѓоковиќ, го истакна Бен Шелтон. Тој верува дека Американецот, од сите тенисери што ќе играат на Вимблдон, има најголеми шанси да ги собори Алкараз и Синер пред финалето.

– Очекувам финале Синер – Алкараз, но зборуваме за посебен грен-слем турнир, секогаш има изненадувања – рече Надал и додаде на кого се обложува дека ќе направи пробив на Вимблдон и со тоа да им ги расипе плановите на навивачите: „Ако наидат на Бен Шелтон или на друг одличен ‘сервер’ што има свој ден, дури и најголемите играчи може да паднат. Тревата е површина што многу може да измами, натпреварот лесно може да излезе од контрола“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk