Home » Нова влада се очекува до недела на полноќ

Нова влада се очекува до недела на полноќ

by Журнал.мк

Обраќајќи се денеска по повод 34 години од формирањето на партијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека како премиер ќе се бори за остварување на стратешките цели како што се членството во Европската Унија и добрите релации кон стратешките партнери, дека нема да подлегнува на темите кои разединуваат и дека ќе се фокусира на проблемите и сиромаштијата на граѓаните.

Претседателот на парламентот Африм Гаши се очекува да ја закаже собраниската седница за избор на новата влада во сабота во 11 часот и таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ. Како што најави мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тој утре до Собранието треба да го достави составот на владата и програмата за нејзина работа. Колку ќе трае оваа седница, ќе зависи од бројот на пријавени пратеници за збор и дебатата во пленарната сала.

Во новата влада, која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе влезат и партиите од коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ, кои веќе ги објавија своите предлози за министри. Мицкоски, пак, синоќа ги објави имињата на министрите од неговата партија и рече дека очекува денеска да ги добие предлозите за министри и од другите коалициски партнери.

Обраќајќи се денеска по повод 34 години од формирањето на партијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека како премиер ќе се бори за остварување на стратешките цели како што се членството во Европската Унија и добрите релации кон стратешките партнери, дека нема да подлегнува на темите кои разединуваат и дека ќе се фокусира на проблемите и сиромаштијата на граѓаните.

„Нема од мене да видите двојни стандарди. Ќе се однесувам согласно Уставот и законите на државата. Денес 600 илјади луѓе живеат со 150 денари на ден. И денес над 50 илјади се надвор од образовниот процес. Денес земјоделците имаат проблеми. Учениците завршија учебна година без учебници. Во здравството постои хаос, во болниците се умира чекајќи лекови. Ова се проблемите кои мора да ги решаваме и за кои вистински нѐ гласаше народот. Нема да подлегнуваме на темите кои нѐ разединуваат и нѐ оддалечуваат“, рече Мицкоски.

На денешната свеченост „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“ што се одржа во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес, Мицкоски потенцира дека владата која ќе ја предводи ќе биде посветена на „враќање на Македонија на нејзиното вистинско место како просперитетна, праведна и динамична демократија“.

„Но ние немаме да се загубиме на тој пат преку непринципиелни договори штетни за државата. Нашиот излез ќе биде нашата работа, нашата иднина ќе биде нашата сила добиена од волјата на народот. Нашата носечка цел е да ја обновиме довербата во институциите на државната власт, да ја елиминираме корупцијата и да обезбедиме владеење на правото“, рече Мицкоски.

Тој им порача на новите функционери да ги „засукаат ракавите“ и нагласи дека никој нема да смее да застрани бидејќи ќе биде сменет.

Мицкоски повика на национално единство и му порача на СДСМ дека ќе биде отворен за дијалог за сите крупни прашања за државата.

„Непринципиелни коалиции и преговори под маса јас нема да правам и нема да им работам зад грб, ниту ми паѓа на памет да им се мешам. Тие од мене, како претседател на партија која посакува и работи за македонско национално единство имаат подадена рака за дијалог за сите крупни прашања за државата и од важност на граѓаните. Им подавам рака за македонско национално единство за сите важни прашања за државата. Посакувам да ги надминат огромните проблеми и да седнеме на маса да разговараме за иднината на нашата татковина“, им порача Мицкоски на СДСМ нагласувајќи дека тоа не треба да се сфати како амнестирање од одговорност за криминалите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека нема да дозволи неговата партија да стане тоа што бил СДСМ ниту, пак, неговиот албански коалициски партнер „Вреди“ да стане како ДУИ.

„Македонија е заедничка држава и сѐ додека албанските партнери работат според закон и во интерес на државата, ќе бидеме еднакви партнери во владата. Ако кој било застрани со криминални или други агенди, ќе биде санкциониран, вклучително и од нашата партија. Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше СДСМ, ниту ќе дозволам ‘Вреди’ да стане тоа што беше ДУИ“, порача мандатарот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More