Home » Нова трагедија во Ла Манш: Осум мигранти загинаа во обид да го преминат каналот меѓу Англија и Франција

Нова трагедија во Ла Манш: Осум мигранти загинаа во обид да го преминат каналот меѓу Англија и Франција

by Журнал.мк

Осум лица загинаа во текот на ноќта обидувајќи се да го преминат Ла Манш, каналот што ги дели Франција и Англија, соопшти француската полиција.

Спасувачките служби утринава околу 01:00 часот добиле дојава дека бродот е во неволја во водите северно од Булоњ на Мору.

– Загинаа неколку мигранти – соопштија од префектурата Па де Кале до агенцијата АФП.

Инцидентот се случи седум дена откако 12 лица, меѓу кои шест деца и една бремена жена, загинаа кога брод со мигранти потона во близина на брегот на Франција.

Француските поморски служби соопштија дека во периодот од петок до сабота се спасени околу 200 луѓе.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk