Home » Нова проблем за Барса, се повреди на првиот тренинг за шпанската репрезентација

Нова проблем за Барса, се повреди на првиот тренинг за шпанската репрезентација

by Lina Muslija

Уште еден фудбалер на Барселона се повреди и го чека пауза за време на септемвриските натпревари. Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените околу три недели, откако ги повреди препоните на тренингот со репрезентацијата на Шпанија до 21 година,

21-годишниот Фермин беше дел од сениорскиот тим на Шпанија кој ова лето стана европски шампион, а потоа играше за олимпискиот тим кој ја освои титулата во Париз. Фудбалерот на каталонскиот гигант се повреда на тренинг пред квалификациските дуели со Шкотска и Унгарија, по што се врати во Барселона на дополнителни прегледи.

Фермин е седмиот фудбалер на Барселона кој е надвор од теренот, приклучувајќи им се на листата повредени на Роналд Араухо, Андреас Кристенсен, Френки де Јонг, Гави, Марк Бернали и Ансу Фати.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk