Home » Нова или надградена опрема за тонско снимање во 31 суд – ако не се снимаат тонски судењата, граѓаните да се пожалат во Судски совет

Нова или надградена опрема за тонско снимање во 31 суд – ако не се снимаат тонски судењата, граѓаните да се пожалат во Судски совет

by Журнал.мк

Во оваа судница во Управниот суд денеска за прв пат тонски и видео се снимаше расправа од управен спор. Покрај овој суд нова опрема или надградба на актуелната, инсталирана е во уште 30 други судови. Но во некои граѓански и кривични судници тонското снимање доцнело или се спроведувало нецелосно иако има законска обврска веке една деценија.

Надоградените и нови технологи за задолжително аудио снимање на судските расправи гарантираат точни записници на судските рочишта, конечно овозможуваат да се стави крај на противречностите во врска со тоа што се кажа или не во судница, и ќе го подржат процесот на праведно судења рече претседатлеот на Управниот суд Бурим Сејдини според кого снимањето на судењата ќе придонесе и за зголемување на довербата во судството.

Ако до сега немало услови секаде- сега повеќе нема причини за одлгање. Опремата мора да се користи. Ако судиите тоа да не го почитуваат, граѓаните да пријават во Судскиот совет, порача претседатлеката на Судски совет, Весна Дамева

– Тонското снимање е гарант за етичкото однесување на судиите, од друга страна, ефикасен механизам за одбрана на судиите за обвинувањата за пристрасно и несоодветно раководење со расправата додаде Весна Дамева, претседателка на Судски совет

Министерот за правда Игор Филков бил непријатно изненаден од сознанието дека иако законите предвиделе тонско снимање пред повеќе од една деценија – опремата делумно се користела. Прочитал и слушнал повеке причини и оправданија но очекува во рок од 15 дена новиот систем секаде да се применува

-За жал, констатирани се и бројни примери и на уништена опрема за тонското снимање. Сето претходно е само мал дел од причините на кои што се должи ниската доверба на граѓаните во правосудството од само 2%. Ние, сме решени да спроведеме реформи со цел да се надминат проблемите. Целиме кон современо општество, и не смееме да дозволиме да не се применуваат нашите законски решенија, рече министерот Филков

Оваа опрема чини околу 350 илјади евра обезбедени од судскиот буџет. До сега најголем дел од опремата во судовите е преку донации од амбасадите на САД и ЕУ членки.

Судството до сега ниту еднаш не ги добило ниту законски утврдените 0.8% од БДП. Министерот Филков рече дека ќе води гласна борба за независност на судството преку обезбедување на процентот за независен судски буџет, уште за следната година. Дамева пак вели дека до сега од министерсто за финансии не биле повикани заeднички да го креираат буџетот, како што предвидува законот, за да има доволно средства за судската власт.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk