Home » Нов Закон предлагаат пензионерите – минималната пензија да биде 70% од минималната плата

Нов Закон предлагаат пензионерите – минималната пензија да биде 70% од минималната плата

by Журнал.мк

Нов Закон за пензионерите, 70% од минималната плата да добива еден пензионер, а истото да биде и за просечната плата односно пензија. Дополнително во новиот Закон се предвидува наместо 15 години работен стаж, пензионерите да добиваат пензија со 5 години работно искуство. Во однос на старосната граница промени нема. Ова беше презентирано денеска на средбата на пензионери во Свети Николе.

„Основата на нашиот Закон, прво се врзуваме со минималната плата. Ние сакаме 70% од минималната плата да добива пензионерот.“ – вели Тасевски.

Додаваат дека на средбата се дискутирало и за линеарното покачување, односно усогласување на пензиите. На тој начин ќе имаат пари како што велат да ги купат барем потребните лекови.

„Пред се овој собир овде е заради Законот, и да почнеме на овој начин, линеарно да се врши усогласување од март месец 2025 година, односно линеарно покачување на пензијата. Тоа е основното нешто кое го бараме.“ – додава Станојков.

Благодарност упатија и до премиерот за најавата дека пензионерите ќе добијат покачување од пет илјади денари, половина во месец септември и половина во месец март наредната година.

„Голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски што зазеде ваков чекор и овозможи на двапати да ги добиеме парите со кои ќе ни ја ублажи болката и ќе дојдеме до она малку кое го баравме за достоинствен живот.“ – вели Јанчева.

Пензионерите претходните 11 месеца на улица во сите градови во државата протестираат со цел да ги добијат своите права и да можат достоинствено да го преживеат месецот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More