Home » Нов повик за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 февруари

Нов повик за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 февруари

by Журнал.мк

Министерството за образование и наука информираше дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 февруари.

Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на овој ЛИНК. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација, електронски преку порталот на следниов ЛИНК.

„Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

За поддршка при аплицирањето, од МОН велат дека може да се контактираат преку subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.

Инаку, поради законска регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС терминали, студентите ќе треба да го внесат ПИН кодот за трансакциите да бидат успешни, посочија од МОН, од каде додадоа дека Шпаркасе Банка објави две важни известувања во врска со оваа новина и поддршка за студентите кои може да се најдат тука и тука. Ако го знаете или го чувате ПИН кодот, од МОН посочуваат дека нема потреба од реактивизација.

„Поради тоа што месецот февруари започнува во сабота, студентите ќе имаат на располагање само 140 денари на првиот ден од месецот (односно во сабота 01.02.2025 година)“, истакнаа од МОН.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk