25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Нов потрес регистриран во Хрватска

Најчитани вести

Нов земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван вчеравечер околу 19:30 часот во близина на Петриња, објави хрватската сеизмолошка служба на „Твитер“.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно објави дека земјотресот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтер, пренесе хрватски „Индекс“.

Почвата во Хрватска не мирува откако минатонеделниот земјотрес предизвика големи материјални штети во Сисачко-мославинската Жупанија.

Покрај Петриња, зафатени беа и Глина, Сисак, Лекеник – четири градови и осум општини, околу 116.000 жители беа директно или индиректно погодени од земјотресот, а околу 50.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Ниту една институција не работи во Петриња и Глина и постои опасност дел од куќите дополнително да се срушат под влијание на дождот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести