23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Нов „локдаун“ во Шкотска до пролет

Најчитани вести

Цела Шкотска од денеска е повторно затворена поради епидемијата на коронавирусот и најверојатно ќе остане така се до пролет, објави весникот Тајмс.

Шкотската премиерка Никола Старџен претходно најави владина седница, на која ќе се расправа за евентуални следни чекори за спречување на ширењето на коронавирусот, наложувајќи вонредна седница на Парламентот.

Како што пишува Тајмс, отворањето на училиштата веројатно се одложува за по 18 јануари.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера изјави дека поради зголемениот број на заразени случаи со Ковид-19 би можеле да се очекуваат нови, построги рестриктивни мерки.

Џонсон ги одредува насоките за Англија, додека одлуките за Шкотска, Северна Ирска и Велс ги носат тамошните власти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести