9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Нов биланс: Чешка има 16 позитивни во тимот!

Најчитани вести

Македонската репрезентација би требало да биде спремна за пат кон Каиро, затоа што ако се случи да треба да игра, тоа ќе биде во минута до дванаесет.
Новиот биланс на позитивни во таборот на Чешка е 16. Позитивни се и селекторите и физиотерапевтите. И оваа бројка не е конечна, затоа што во нивниот табор е отворен кластер и можно е да се зголеми како ќе одминуваат деновите.

Овие 16 позитивни нема да патуваат во Каиро, тоа е дефинитивно, нема доволно време за тие да го минат задолжителниот период во карантин. Практично, нивната прва репрезентација е во аут. Сега, веруваме, се обидуваат да состават нов тим од списокот од 35 играчи, ракометари што не биле на подготовки, не биле во карантин, не се тестирани и во следниве три дена да ги доведат, тестираат, состават тим и така да заминат на СП. Поширокиот список од 35 играчи, што не е дизајниран за ваков случај туку за сосема поикави потреби, практично се (зло)употребува за да се испрати втора екипа.

Чешка се обидува, логично и да ја маргинализира целата ситуација. Беа доста транспарентни кога објавија за нивните селектори, за шестмината што не отпатуваа за Ф. Острови. Беа објавени нивните имиња, со тоа што не беше посочено кој е тој еден од нив што е позитивен, кои се двајцата што не се чувствуваат добро и кои се тројцата што биле цимери.
По пристигнувањето на Ф. Острови, каде им беа детектирани осум нови случаи во табор од 22 играчи (6 ракометари и 2 од тренерскиот тим) се менува впечатокот за транспарентност. Нивната прва реакција беше дека тоа се случило под „чудни околности“ и дека не добиле писмено, туку само телефонски им било кажано кои се позитивните членови. Ова треба да не наведе да помислиме и можеби не се точни наодите во Торшавн.
Од тој момент до денеска пројде де и пол, а проверивме најмалку 10 чешки портали и весници што пишуваат и ракомет и нема ниту една нова информција. Поточно, ниту еден нов текст за ракомет ?! Затоа и оваа бројка од 16 можеби е „стара“ информација.

ИХФ досега стоеше настрана во целата ситуација, но ќе мора да пресече. Ваков чешки тим е ризик за целото првенство, посебна нота е што игра во група со домаќинот. Ако реши да стои на страна, а Чешка состави здрав тим и пристигне во Египет со негативни тестови, клучен момент ќе биде првото тестирање во Каиро. Или со други зборови, во минута до дванаесет ќе се реши дали Чешка ќе игра на СП и покрај тоа што е потенцијален кластер или на СП ќе треба да отпатува Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести