Home » Нормализиран јавниот превоз во Скопје, студентите попладне на протест

Нормализиран јавниот превоз во Скопје, студентите попладне на протест

by Журнал.мк

Oд утрово се нормализира автобускиот превоз во Скопје, откако синоќа во базните станици на ЈСП беше испорачана нафта за автобусите.

Вчера главниот град остана без јавен превоз поради недостиг на нафта. Возеа само 25 автобуси на гас.

За денеска во 13 часот пред бараките на Град Скопје е најавен протест организиран од градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, а во 14 часот ќе се приклучат и студентите од УКИМ.

Советот на Град Скопје вчера одржа вонредна седница поради состојбата со автобусите, при што кКоординаторите на советничките групи постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk