23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Ноќниот живот ќе се врати по 21-ви јануари

Најчитани вести

Откако министерот за здравство Венко Филипче изјави дека состојбата со вирусот е прилично стабилна и дека ако остане вака на рестораните ќе им се врати работното време до 21 часот, угостителите  побараа мерката да биде укинета и  работното време до 21 часот да важи од понеделник.

Угостителите велат дека ако е се во ред и бројките се пониски не ја гледаат причина поради која тие не би можеле да работат и до 21 часот и  тоа од сега, наместо да се чека да пројде 21 јануари – до кога важи мерката за работа до 18 часот.

По нивната рекација Филипче изјави дека логично е нивното барање и дека ќе биде разгледано на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести.

“Ова скратување на времето дополнително, иницијално кога беше донесено минатиот месец, рековме дека ќе биде до 21 јануари, кога практично и завршуваат прославите, верските празници и тогаш веќе по автоматизам се враќаат на работното време до 21 часот. Ние ќе го разгледаме барањето дали би можело да се продолжи за уште два часа“, истакна Филипче.

Угостителите велат дека нивните пресметки загубите од дополнителните рестрикции кои владата ги донесе пред новогодишните презници  се многу поголеми од првично очекуваните.

Отворете ги кафеаните, таму барем даваат една лажичка за еден гостин

Докторот  од Универзитетската клиника за токсикологија д-р Нико Беќаровски реагира на причестувањето на православните верници за празникот Божик. Според него, причестувањето е поопасно за ширење на вирусот од работењето на кафеаните. „Резултатот“ го очекува за околу две недели.

„Сите вие кои вчера со една иста лажичка по храмовите се причестивте, го обесчестивте десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили. Кога на 19 јануари ќе ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се ‘бањаме’ за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите. П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат една лажичка за еден гостин“,напиша тој на Фејсбук.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести